„Пасат“ и „ауди“ се судирја на локалниот пат Железница-Крилатица, двајца повредени

Screenshot_18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на локалниот пат село Железница-село Крилатица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолкваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Т.С. и патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Д.Т., двајцата од Кратово, извести МВР.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Т., констатирани во Општа болница Куманово, а неговиот сопатник Т.П.(40) од Кратово се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Кратово, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK