ОЈО Велес побара притвор за 25 годишно момче од село Виничани кое прегази сожител

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 19 јули годинава настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „фиат панда“, сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.



При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK