Полицијата уапси охриѓанец поради предизвикување пожар во стан. Жителите на зградата биле евакуирани, а во болница се пренесени осум лица.
Според информациите на МВР, денеска полицијата го уапси Ц.Н.(55) од Охрид кој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.
„Со брза интервенција на полициските службеници и на припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата, а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и потешкотиии при дишење“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека во координација со други служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и смирување на состојбата, а по целосно документирање на настанот, против Ц.Н. ќе биде поднесена кривича пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”