Скопјанец пријавил во полиција дека бил ограбен.
Имено, синоќа во 23.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Ш. пријавил дека околу 22.40 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, едно лице со закана му одзело чанта со лични документи, мобилен телефон и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.