Четириесет и тригодишниот тетовец А.С., вчера (5 ноември) во 20 часот во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 21 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, поради недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, објави СВР Тетово.