Министерството за внатрешни работи во рамки на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија санкционира 464 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 186 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.