На сила сакале да го извлечат од возило, па му го попречиле патот и го нападнале, приведени двајца мажи од гостиварско

На-сила-сакале-да-го-извлечат-од-возило-па-му.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.И.(25) и Ј.К.(35), двајцата од гостиварски Добри Дол. Според пријавеното, околу 05.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ тие со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В.Ф.(29) од Гостивар, по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.


Како што е пријавено, при обид да побегне, В.Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK