МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Расчистени-11-кривични-дела-„тешка-кражба-и-две-кривични-дела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во село Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени 57-годишната С.К. и нејзиниот сопруг, 64-годишниот В.К., извести МВР.


„Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK