– На 30.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. „Леринска” во Битола го лишиле од слобода Н.П.(43) од Битола, а на ул. „Генерал Васко Карангелевски” го лишиле од слобода Е.Р.(38) од Битола постапувајќи по добиена пријава од 56- годишен маж од Битола дека истиот ден Н.П. и Е.Р. му се заканувале со остар предмет.
Како што информираат денеска од МВР, по документирање на настанот, против Н.П. и Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.