МВР: 573 санкции за брзо возење

brzo-vozenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 573 возачи.







Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 287 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 286 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK