Ноќеска во 1 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Волковија, во тетовски Челопек, патничко моторно возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Д.Ј. од ова село, изгубило контрола и излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската клиничка болница каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.