Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, приведени пет лица

Претрес-во-Свети-Николе-пронајдена-дрога-приведени-пет-лица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера попладне во 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода 38-годишниот Д.С., 35-годишниот Р.А., 31-годишниот Д.В., 28-годишниот Д.Т., сите од Свети Николе и 23–годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско, извести МВР.

„Имено, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А., кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил од Д.В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде ги затекнале Д.В. и А.П., при што била пронајдена и одземена прашкаста материја“, соопшти МВР.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK