Синоќа во 22.50 часот, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основен суд Гевгелија.
По негови насоки ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.