Денеска во 08.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од с.Т`лминци, кривопаланечко.
Тој се сомничи дека на 03.03.2024 во 13.30 часот во близина на Транспортен центар во Скопје со остар предмет го нападнал А.П.(24) од Скопје и му нанел повреди, констатирани Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.