Мартина од Битола е девојката којашто загина во сообраќајната несреќа во Грција

martina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мартина Н. (29) од Битола е девојката којашто загина вчера во 12 часот на автопатот Игнација во правец кон Солун.


Со неа биле уште три девојки кои се здобиле со повреди, а на возраст од 24 и 25 години.

Медиумите во Грција го објавија полицискиот извештај во кој се наведува дека возилото го управувала 25 годишна странска државјанка, а се судрила со автомобил управуван од државјанин на Грција. Потоа во двете возила се забил уште еден автомобил, чијшто возач е истотака повреден.

Причините за несреќата засега не се познати и дополнително се очекува да бидат утврдени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK