Вчера попладне во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Б.М. од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.