Денеска, полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со малолетник од Куманово, извести МВР.
– Тој се сомничи дека на 18.09.2023 на улицата „Борко Танев“ Куманово, со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, исто така од Куманово, соопшти МВР.
Притоа, малолетникот го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.