Четириесет и едногодишниот тетовец Ѓ.И. вчера во 14 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека четири лица во близина на тетовско основно училиште, по завршување на часовите, со остар и метален предмет им се заканувале на неговите две малолетни деца.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.