Вчера во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Полчицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.