Вчера во 01.25 часот во Куманово, полицијата го приведе А.Т.(40) од Куманово.
Тој, во угостителски објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ агресивно се однесувал кон вработени од агенција за обезбедување, а кај него бил пронајден и пиштол.
А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.