Кривична пријава против жител на Крива Паланка, ја тепал жената и ѝ се заканувал со нож


noz.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.


Според информациите од полицијата, на 21 февруари 2026 година во стан во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да ја нападне неговата вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет.

При обид да се одбрани од нападот, жената се повредила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK