Кривична пријава против параглајдинг инструктор, туристка од Шведска тешко повредена


paraglajding-paraglajder-2-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот К.Т. од Прилеп, поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.


Според полицијата, на 28 јули годинава, пријавениот во својство на параглајдинг инструктор во параглајдинг компанија договорил тандем-лет со 37-годишната А.Г.Б. од Шведска.

Како што се наведува, инструкторот не ѝ ги дал потребните инструкции и насоки, а при приземјувањето во близина на Струга жената се здобила со тешки телесни повреди на едната нога.

Повредената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK