ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.А.(42), А.И.В.(32) и А.К.(36), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, додека второ и третопријавениот сториле и кривично дело „помагање во извршување кривично дело“.
Имено на 12/13.02.2026 во Јавна здравствена установа – Општа болница Дебар, откако А.И.В., вработена во болницата, му го дала клучот од влезната врата на Ј.А., тој со третопријавениот влегле во болницата и во една од канцелариите одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар 9.9 милиметри, сопственост на ЈЗУ-Општа болница Дебар.