Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 322 возачи.
Од нив, соопштија денеска од МВР; 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.