Казни за 236 возачи во Скопје, 74 возеле над дозволеното

173 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје биле изречени вкупно 236 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 74 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени биле и 24 санкции за користење на мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење на сигурносен појас.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK