Казни за 154 возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Казни-за-144-возачи-во-Скопје-47-возеле-над-дозволеното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK