Казни за 132 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

policija stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 132 возачи.

Како што соопштија денеска од МВР, притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK