Казни за 120 возачи во Скопје

policija-mvr-soobrakaj-1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за непрописно престројување при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Мвр со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK