Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчеравечер околу 21 часот и 40 минути во домот на 21-годишен гостиварец ја пронашле малолетничката која претходно била пријавена за оддалечена од дома во Полициската станица Бит Пазар во Скопје, извести СВР Тетово.
Таа им била предадена на нејзини најблиски, велат од СВР Тетово.