Педесет и едногодишната Н.Љ. од Тетово, вчеравечер во 21 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Јордан Златановски“ во Тетово била касната од куче скитник, извести СВР Тетово.
Притоа, бегајќи, паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.