Триесет и осумгодишен тетовец вчера во 11 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека бил измамен од 37-годишниот Д.А. од Република Турција со кого пред десетина дена се договориле да му набави производни машини од Турција и на кого во три наврати му дал пари, извести СВР Тетово.
Според пријавеното, тој ниту ги добил машините, ниту му ги вратил парите, а веќе и не му се јавувал на повиците. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, додаваат од СВР Тетово.