Вчера во 20.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на 63-годишниот В.Е. од Кичево, извести МВР.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кичево. Извршен бил увид, додаваат од МВР.