Истрага против две лица за недозволено поседување оружје и муниција

osnovno javno obvinitelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.







– На 16 мај, во автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли марка „Црвена застава М57“ со соодветни рамки и 21 куршум, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Оружјето и муницијата, се наведува во соопштението, биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата „Кичевска“, во ќеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.​

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK