Искршил дел од опремата на амбулантно возило, се обидел да нападне и полицаец: уапсен холанѓанец во Охрид

apsenje-pritvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија.


Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило.

По ова се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија.

Полицијата соопшти дека против него е поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK