Вчера при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа.
Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.