Вчера во 11.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково – Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната К.М.Л. од село Врсаково, штипско, излетало од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Ж.М.(53) од истото село, додека К.М.Л. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.