(Фото) Претреси во Битола и битолско, пронајдени 25 парчиња оружје, приведени две лица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Битола денеска заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода 68-годишниот П.Ј. од Битола и 61-годишниот Т.Г. од село Канино, битолско, извести МВР.



„Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар. При претрес во село Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од село Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка“, соопшти МВР.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривична пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK