Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје.
Вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.