Вчера во 17.30 часот СВР Тетово било пријавено дека околу 13.25 часот во кругот на основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово, електричен тротинет удрил во малолетник, по што лицето кое го управувало го напуштил местото, извести МВР.
„Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување помош“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.