Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 43-годишната М.Ј. и 25-годишната Б.А.П., двете од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.