Државјанин на Србија нападнал маж на бензинска пумпа во Валандово

benzinska-pumpa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата во Валандово го приведе српскиот државјанин М.С.(26), кој околу 1.30 часот на бензинска пумпа во селото Јосифово со остар предмет го нападнал А.С.(31) од село Пирава, Валандовско, нанесувајќи му повреди, констатирани од лекар во Итната медицинска помош Гевгелија.


Српскиот државјанин бил задржан во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки во текот на денот против М.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK