Вчера во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во селото Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“, управуван од малолетник од селото Велешта, струшко и товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, Тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.