Две возила се судрија на улица во Скопје, па едното удри во малолетничка – МВР со детали за несреќата

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Две возила се судрија на крстосница од булеварот Никола Карев со улицата Прохор Пчински во Скопје, пришто повредено е девојче кое се нашло на улицата.

Според информациите од МВР, патничко возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје се судрило со патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK