Битолчанецот ја убил поранешната партнерка додека спиела – Обвинителството со детали, отворена истрага


policija-foto-mvr-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.


Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK