Вчера напладне на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Дисанска река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Г.Ц.(64) од село Тремник, неготинско и трактор, управуван од Д.Т.(71) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ц.(56) од село Тремник, сопатничка во патничкото возило „опел“ и возачот на тракторот, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.