57-годишна жена прегазена на улица во Кичево

policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 21.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„11 Септември“ во Кичево, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од Кичево, удрило во пешакот М.С.(57) од Кичево.



По несреќата, М.С. била пренесена во Општата болница Кичево каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK