20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

u-udaru-groma-u-indiji-poginulo-najmanje-17-osoba-udargr_631449601bda8.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР.


Околу 20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко, од гром настрадал 20-годишниот Р.М., а со повреди се здобил 23-годишниот З.М., двајцата од Коџалево.

– Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK