Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.