Македонските ракометарки поразени од Црна Гора на стартот на Европското јуниорско првенство

– Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација со пораз го почна настапот на ЕХФ Европското првенство во Романија, откако вечерва загуби од Црна Гора со 33-29 во воведниот натпревар во рамки на групата Д. Македонските ракометарки добро го започнаа натпреварот и влегоа во завршницата на првото полувреме со предност (15-14), но Црногорките возвратија со серија од 5-1 за да заминат на …

Continue Reading

Црна Гора прв противник на македонските ракометарки на ЕП во Романија

Македонската женска репрезентација вечер од 18:45 часот ќе го одигра својот прв натпревар на Европското првенство за ракометарки до 19 години кое с еодржува во Романија. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде соодветна селекција на Црна Гора. Покрај овие две селекции, во Д-групата се уште и Данска и Чешка. Македонките утре во 2.коло ќе се соочат со Данска, а на 9 …

Continue Reading

Иван Марковски нов тренер на Мулти Есенс

Поранешен македонски ракометен репрезентативец Иван Марковски е назначен за нов тренер на Мулти Есенс. Марковски е со богато играчко резиме, во кое се запишани настапи за повеќе домашни и странски екипи, меѓу кои се Пелистер, Металург, Вардар, Метковиќ, Загреб и Сарагоса. Во својата тренерска кариера Марковски има водено екипи од Франција, Кина и од Катар, а беше тренер и на …

Continue Reading

Ангеловски нов директор на Еурофарм Пелистер

– Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.   – Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација, соопшти битолскиот ракометен суперлигаш.   Во …

Continue Reading

На Русија одземена организацијата на Европското првенство во ракомет за жени 2026 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да го пресели Европското првенство за жени 2026 година од Русија. Турнирот требаше да се одржи од 3 до 20 декември 2026 година во Москва и Санкт Петербург. – Сегашните услови не дозволуваат навремено спроведување на сите фази од подготовките за еден ваков голем турнир. Тоа се однесува на инспекциските посети на претставниците на ЕХФ, …

Continue Reading

Втора година по ред Охрид домаќин на ракометниот камп 40х20

Во Охрид, викендот почна второто издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид. Деведесет момчиња и девојки од четири земји, на возраст од 7 – 17 години, следните шетс дена ќе ги до усовршуваат своите знаење во ракометната игра, ќе се дружат и забавуваат во најубавиот град на Балканот. – Од неделата во Охрид стартуваше второто издание, со зголемен број на …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони

Со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена денеска е одреден составот на групите во Лигата на шампиони во која за прв пат во клупската историја ќе настапи Еурофарм Пелистер. Жрепката го смести македонскиот првак во групата А заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Колштад и ППД Загреб. Новата сезона 2023/24 во елитното ракометно европско …

Continue Reading

Кирил Лазаров во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација

 – Актуелниот селектор и најуспешен македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров вечерва на гала свеченост во Виена е примен во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ). На свеченоста по повод 30. години од формирањето на ракометната Лига на шампиони, први членови на „Куќата на славните“ станаа 60 ракометни легенди од Стариот континет во машка и женска конкуренција, …

Continue Reading

Македонските ракометарки на „Трофеј Карпати“ во Романија

Македонската женска ракометна репрезентација во младинска конкуренција ќе ги продолжи подготовките за претстојното Европско првенство со настап на традционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“ во Романија. Откако минатата недела настапија на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас, избраничките на Јулијана Дамчевска сега ги очекува уште еден квалитетен меѓународен турнир од 30 јуни до 2 јули во романскиот град Питешти. …

Continue Reading