Стартува граѓанската обврзница, објавен проспектот за првата аукција

Граѓаните од денеска можат да почнат постапка за купување, односно запишување граѓански обврзници – нов финансиски инструмент на домашниот пазар. Министерството за финансии го објави проспектот за првата аукција на вакви обврзници на износ од 600 милиони денари. Минималната сума која може да се запише е 10.000 денари. Купонската камата ќе изнесува пет проценти, а рочноста е две години. -Новиот …

Continue Reading

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај на усогласеност на Владата

Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на усогласеност на Владата на Република Македонија – Сметка на основен буџет. Линк за директен пристап до извештајот.

Continue Reading

ДУИ во недела одржува внатрепартиските избори

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во недела ќе одржи внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“. – По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, во недела го повикуваме членството на Демократската унија за …

Continue Reading

Ковачевски: Не само градоначалникот на Струга, туку оставки треба да поднесат и сите советници што ги поддржувале неговите одлуки

Институциите да ги проверат наодите по сите основи, зошто Рамиз Мерко се нашол на црната листа на Соединетите Американски Држави. Несфатливо како истражители од САД имале информации за нешто што се случило тука, а немале задолжените институции кај нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски на седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој праша дали премиерот …

Continue Reading

Ковачевски за ФАЦ: Гласањето за уставните измени е глас за европската иднина на граѓаните

Стратешка цел на државата е полноправното членство на Македонија во ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ). – Процесот на евроинтеграција на земјата гарантира безбедност и стабилност на регионот, но и подобра економска соработка заеднички пазар од речиси половина милијарда луѓе, изјави Ковачевски. Како што информира владината прес-служба, Ковачевски во интервјуто говори за …

Continue Reading

Прес-конференција на премиерот Ковачевски и министерот за финансии Бесими (во живо)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе одржат прес-конференција за издавањето на проспектот за првата аукција на граѓански обврзници.

Continue Reading

МЗШВ: Исплатени близу 224.4 милиони денари дополнителни субвенции кон 3.821 корисник, за градинарски култури

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети, до 3.821 корисник во износ од близу 224.4 милиони денари. Како корисници на оваа подмерка, соопштија од МЗШВ, се јавуваат земјоделските стопанства, кои имаат …

Continue Reading

Министерот Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“, денеска во Брисел беше потпишан од министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата, министерот Алиу и се заблагодарил на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја. -Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас …

Continue Reading

Тренчевска: Социјалните права и услуги ги доближуваме до граѓаните

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија Васка Илиева, денеска ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци. Канцеларијата, како што соопшти МТСП, ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Гевгелија. Министерката Тренчевска се осврна на заложбите …

Continue Reading